Регион И покрај прекините

Бугарскиот Парламент усвои одлука за укинување на данокот на рускиот гас

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната. 

Бугарскиот Парламент усвои одлука за укинување на данокот на рускиот гас

Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја погодува рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарски портал.

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.  (МИА)

To top