Тригодишниот Лазар, кој ден по убиството на неговата сестра Данка Илиќ (2) на 26 март, според проценката на Центарот за социјална работа во Бор, привремено бил сместен во згрижувачко семејство, вратен е кај неговите родителите Ивана и Милош Илиќ.
Како што дознава српски Информер, од извор близок до истрагата, мајката на убиената Данка Илиќ, по трагедијата што го снашла ова семејство, била подложена на психијатриско вештачење, со оглед на тоа што мајката била последната личност која била со детето на тој кобен ден.
-Според проценките на специјалистите, кои разговарале со неа и ги извршиле потребните прегледи, мајката е целосно психички здрава, што укажува дека не можела ништо лошо да му направи на своето двегодишно девојче. Затоа е вратен кај родителите, а малиот Лазар секојдневно ја бара и довикува сестра си по чие тело се уште се трага, пренесува Информер.
Како што наведуваат, тоа го потврдил соговорникот од Бор, каде што живеат родителите на малата Данка.
-Во градот ги видов мајката и синот. Со нив беа нејзиниот сопруг и свекорот. Жената е бремена, мора да се грижи за себе и да се посвети на друго дете. Не им е лесно, не дај Боже никому ова. Ја познавам и бабата Тања, мајката на Милош. Таа жена е под лекови бидејќи не може да го прифати тоа. Мислам дека никој не знае како ќе заврши се, рекла жена од соседството.