Речиси цела Црна Гора, како и хрватскиот регион Далмација и делови од Босна и Херцеговина и Албанија, се останати без струја.
Според „Вијести.ме“, без струја се останати Сараево, Зеница и Бања Лука, а хрватскиот медиум „Слободна Далмација“ извести дека без струја се градовите Сплит, Шибеник, Дубровник, Задар, како и бројни други острови и градови. Во албанските медиуми пишува дека без струја се останати Тирана, Драч, Скадар и други.
Електрична енергија се вратила во делови од Подгорица.
Според објавата на Фејсбук на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС), станува збор за „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем (ЦГЕС)“, додавајќи дека „сите додатни информации“ треба да се добијат од ЦГЕС.
ЦГЕС засега нема објавено свое објаснување за ситуацијата на своите социјални мрежи.