Ракомет

Пуштени во продажба билетите за најважниот натпревар на Е.Пелистер во ЛШ

Пуштени во продажба билетите за најважниот натпревар на Е.Пелистер во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од денеска ги пушти во продажба билетите за последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите за оваа година кој ќе биде и најважен.

На 4 ноември во Битола гостува полскиот шампион Висла Плоцк и билетите се во продажба по цена од 450 и 550 денари во зависност од позицијата за седење.

Билетите може да се купуваат онлајн (ТУКА) и низ продажнитем есто во Битола:

На табелата во Лигата на шампионите битолскиот клуб е шести со четири боа во групата „А“, Висла е последна со два. Во случај на победа македонскиот претставник би направил голем чекор кон осминафиналето.

To top