Ова Е СПРОТИВНО на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува САМО ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица.
Според Изборниот законик, итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите САМО ВО ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ СЛУЧАИ: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи. Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи?
Согласно мојата надлежност и обврска да се грижам за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите за наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите ќе поднесам пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во прилог се одредбите од Изборниот законик и задолжението од Влада од седница одржана на ден 27.02.2024 година, стои во објавата на Петрова.