Ракометарите на Тиквеш загубија убедливо со 20-31 на гостувањето во Турција кај Бешикташ.
Тимот на Тиквеш во првото полувреме постигна само три гола, па јасно беше кој е кој во тој натпревар.
Реваншот во Кавадарци ќе се игра 18 октомври (сабота од 18 часот).
Ракометарите на Охрид уште сега може да се радуваат на продолжување на сезоната.
Тие пред својата публика во „Биљанини извори“ го совладаа составот на Баки од Азербејџан со 41-11.
Уште на полувремето и на тој натпревар, победникот беше најавен, а домаќините го добија со 17 разлика (24-7).
Така реванш дуелот во истата сала ќе биде само чиста формалност.