Вести Прилепски мајстор за небо

Оглас: Смена на небо, поволно…

Имајќи го предвид акутното загадување во Македонија, особено во Скопје, добро би ни дошол еден „ваков“ мајстор, да ни го смени небото над Скопје, Струмица, Битола… 

Оглас: Смена на небо, поволно…

Деновиве на македонски портал осамна оглас за чевек кој менува „паднато“ небо?!?! Мајстор Трајче тоа го прави, башка поволно.

Инаку, станува збор за горниот тапацир на автомобил, кој замислете, во дел од Прилепско го нарекувале „небо“.

Имајќи го предвид акутното загадување во Македонија, особено во Скопје, добро би ни дошол еден „ваков“ мајстор, да ни го смени небото над Скопје, над Струмица, Битола…

Небо, кое, натежнато од сиот смог и загаденост, само што не „паднало“. Време е за мајстор Трајче, крајно.

 

Викинзите крајот на светот го замислувале како моментот кога „небото ќе им падне на глава“. Во тој свет на нордиските земји, Трајче особено би бил на цена. Спасител… 🙂

 

Најнови вести од Вести

To top