Вести во организација на ијз

Одржана работилница „Медијација во здравството“

Одржана работилница „Медијација во здравството“

Работилница- Медијација во здравството на која присуствуваа претставници од клиники и јавно здравствени установи, се одржа денеска.

-Едукацијата е со цел доброволно, брзо и ефективно решавање на споровите меѓу странките преку преговори, со помош на неутрално трето лице (медијатор), за да се постигне заемно прифатливо решение. Овој процес ја избегнува долготрајната судска постапка, заштедува трошоци и ги зачувува односите меѓу страните, велат од ИЈЗ.

Едукацијата беше спроведена м-р Илија Манасиев кој е овластен медијатор и професор на Правниот факултет во Скопје.

Истата беше во организација на Институтот за јавно здравје, а свое обраќање имаше и директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

To top