Норвешкиот парламент одобри план за нарачка на артилериски системи со долг дострел во вредност од два милијарда долари за да се зајакне нејзината моќ за одвраќање од Русија на Арктикот.
Европските земји ги зголемуваат своите трошоци за одбрана под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ова оружје може да погоди цели далеку зад непријателските линии. Ова е клучно во современите начини на водење војна“, изјави пред законодавното тело Петер Фролих, портпарол за одбрана на опозициската партија Хоире.
Според норвешкиот весник Афтенпостен, владата ќе нарача артилериски системи Чунму произведени од јужнокорејската компанија Ханва Аероспејс бидејќи се сметаат за супериорни во однос на системите ХИМАРС произведени од американската компанија Локхид Мартин.
Се очекува норвешкото Министерство за одбрана наскоро официјално да ја објави компанијата што го доби тендерот за испораките. Воениот оддел сè уште не коментирал.
Министерството претходно соопшти дека планира да купи 16 системи, заедно со неодреден број ракети, за вкупна цена од 19,5 милијарди круни (околу два милијарда долари).
„Ханва Аероспејс“ минатата година потпиша договор со полската одбранбена компанија „ВБ Електроникс“ за заедничко производство на ракети, вклучувајќи го и „Чунму“, во Полска.