Вести Останати спортови

Наковски Волеј и Вардар ќе играат за Куп титулата во женската одбојка

Наковски Волеј и Вардар ќе играат за Куп титулата во женската одбојка

ОК Наковски волеј ќе ја брани титулата во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако во второто полуфинале со 3-1 (25-20, 25-22, 22-25, 25-12) го победи Младост УГД во дуел кој имаше епитет “финале пред финалето” и комплетно го оправда истиот.

Двата тима понудија голема борба, долги надигрувања со убави поени и интересен и возбудлив меч, во кој одлучија нијанси.

Наковски Волеј во финалето ќе се соочи со ЖОК Вардар ЕМ кој во дебитантскиот настап на финалниот турнир ги победи Газели Волеј со 3-0 (25-21, 25-16, 25-14) и ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја.

Финалето се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Најнови вести од Вести Останати спортови

To top