Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во втората изборна единица, Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил објави видео од вчерашната конвенција со јасна порака до гласачите.
Време е за работа, време е за акција, време е за враќање на она што значи да се биде МАКЕДОНЕЦ! Македонија повторно твоја! Порача Мисајловски.
Мисајловски изминативе неколку дена во серија настапи во медиумите ги презентираше проектите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена „Платформа 1198“.
Пензионерите ќе добијат покачување на пензиите од 5000 денари, учебник за секое дете, нов спортски објект, укинување на балансерот и уште многу други проекти се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.