Вести Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ

„Меџити го претвори МЗ во туристичка агенција – додека се затвораат цели одели по болниците и нема лекови, тој унапредува партиски кадри“

Министерот Меџити веројатно го погрешил ресорот па наместо да се занимава со основната дејност на ресорот – здравството, очигледно се однесува како министер за надворешни работи, а Министерството кое го предводи го претворил на туристичка агенција, велат во соопштението од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Меџити го претвори МЗ во туристичка агенција – додека се затвораат цели одели по болниците и нема лекови, тој унапредува партиски кадри“

Меџити кој повеќе шета низ светот, а многу помалку е посветен на решавање на проблемите на пациентите воопшто не покажа основна грижа за затворањето цели оддели по болници и што персоналот го напушта јавното здравство, а континуирано до нас пристигнуваат информации за неправилности и мобинг по ЈЗУ.

Меџити не го интересираат проблемите на дијабетичарите, не даде одговори ниту за забелешките од Извештајот на ЕК, не даде отчет ни за copy-paste буџетот кој покажува основна негрижа за пациентите и за инфраструктурата.

За Меџити мисловна именка е инвестиција во кадар на среден и долг рок, како и капитална инвестиција во здравството

Но, затоа додека министерската позиција ја подразбира како шетање низ светот имаме затворање оддели во болници и имаме четврт министер за здравство кој со прст не мрдна да го зајакне кадарот низ болниците во државата, истиот тој Меџити распишува огласи во самото Министерство за административен кадар и разни советници и соработници во најголем дел партиски кадри на Меџити од албанска националност.
Оттука прашуваме:

На колку патувања досега бил Меџити и со колку членови во делегацијата?

Колку средства се потрошени за неговите патувања заедно со делегациите?

Што конкретно договорил Меџити и што конкретно преземал за едукација на кадри во рамки на тие патувања, ако се земе во предвид дека соопштенијата негови содржат само празни ЌЕ флоскули?

Дали Меџити е информиран дека додека шета низ светот на КАРИЛ недостасуваат следните лекови:

Heavy Bupivacaine

Esmocard

Dexmetomidine

Dormicum

Ultiva ( remifentanil ) а имало периоди кога нема основно Atropin

Што се случи со тематската седница на Влада на која требаше Меџити да иницира вработувања по болниците и тоа да биде приоритет и зошто не се обезбедуваат средства за медицински кадар од надлежните институции согласно потребите?

Одговорите се добро познати, а она што е повеќе од јасно е дека во оваа влада еден од најосетливите ресори-здравството е позициониран на маргините, а штетата од ваквите политики ќе биде на долг рок, стои во соопштението на комисијата.

To top