Партиска делегација од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска го достави текстот на Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која се состои од девет точки.
Во состав на делегацијата, како што информираат од Движењето ЗНАМ, беа генералниот секретар Горан Минчев, потпретседателката Весна Бендевска и потпретседателот генерал Павле Арсоски.
-Движење ЗНАМ- За наша Македонија, ни ја достави на разгледување и анализа Националната платформа за македонското национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, во насока да ги усогласиме ставовите за Платформата, со цел за создавање национален консензус околу клучните национални интереси на државата на внатрешен и надворешен план, за остварување на заедничката стратешка цел, членство на Македонија во ЕУ, информирапе генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.