Македонија

ЗМЕП Трајков се сретна со висока делегација од Европскиот Суд на ревизори

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, утрово ја прими високата делегација предводена од Лаима Лусија Андрикене, член на Европскиот Суд на ревизори од ноември 2022 година кој се занима со внатрешна ревизија, безбедност и правда и новиот амбасадор на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас.

Тема на состанокот беше Реформската агенда и главните приоритети на Владата во наредниот период.

На состанокот ЗМЕП Трајков ги претстави приоритетите во чиј фокус ќе бидат: зајакнување на јавната внатрешна финансиска контрола, зајакнување на системот за јавни набавки, декарбонизација и обновливи извори на енергија, (соларна и ветерници), усвојување на систем за трговија со емисии на гас, енергетска ефикасност и справување со загадувањето на воздухот.

Кабинет на ЗМЕП

Тука спаѓа и развојот на образованието и вештини преку реформи на средното стручно образование, како и реформа на државните и јавните претпријатија, особено во поштенскиот и железничкиот сообраќај, вклучително и воведување на интелигентен транспортен систем, зголемување на е-услугите во царинското работење, подобрување на деловната средина преку зајакнување на инспекторатите и зголемување на инспекциските надзори, поддршка за работа на малите и средни претпријатија.

Во делот на Владеење на правото – развој на демократијата преку реформа на изборното законодавство, зајакнување на независноста, квалитетот и интегритетот на правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, донесување на нов Кривичен законик и Закон за кривична постапка согласно стандардите на ЕУ.

Исто така, неколку пати до сега новата Влада алармираше дека се случувале класични злоупотреби на европските фондови кои требало да служат за различни намени за подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните. За таа цел, претставниците беа информирани за индициите за злоупотреби со напомена дека ќе бидат информирани и европските власти како и надлежните органи во Македонија за расчистување на овие злоупотреби и одговорност за нивните причинители.

To top