Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Златеска: СДС со обезбедени пари од 2017 не го прави мостот којшто самите го оценија како небезбеден

Позади мене се наоѓа мостот во Македонски Брод, кој е дел од регионалниот пат и ги поврзува Кичево и Прилеп.Како што може да забележите, мостот е во лоша состојба, за што истото го констатираше и СДС во 2017та година, го стави во нивната програма и го нарече НЕБЕЗБЕДЕН за пешаци и беше клучен проект за Македонски Брод со ветено санирање и проширување до 2019та година, изјави денеска Бисера Златеска, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Македонски Брод.

Златеска: СДС со обезбедени пари од 2017 не го прави мостот којшто самите го оценија како небезбеден

Покрај за пешаци, под име БЕЗБЕДЕН МОСТ НА ТРЕСКА за поврзување на двете страни на градот, ветуваа и дел за велосипеди.

Ако и самите не веруваат, може да си проверат.

Почитувани,

Денес е 13ти март, 2024та година. Од овој проект не видовме буквално ништо!
Согласно Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта за 2021ва година се одвоени средства за изработка на проектна документација и реконструкција на градскиот мост во Македонски Брод.

ПРАШУВАМЕ КАДЕ ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ?

Зошто СДС и ДУИ ги стопираа или пренасочија овие одобрени средства? Каде е исполнувањето на ова ветување? Каде е велосипедската патека, а каде е безбедниот мост за пешаци?

Ние сеуште чекориме по истиот мост за кој СДС кажа дека не е безбеден и каде со прст не мрдна за нешто да сработи.

СДС и ДУИ не заслужуваат никаква доверба од граѓаните на Македонски Брод. Мостот е само едно од низата неостварени проекти нс СДС.

ВРЕМЕ Е ДА НАПРАВИМЕ ИЗБОР! ИЛИ ХАОС ИЛИ РЕД!
НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛОШО! ВАЖНО Е ДА ГИ ПОРАЗИМЕ!, порача Златеска.

Најнови вести од Македонија

To top