Македонија Поради последните врнежи во регионот

Зголемен водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река

Според податоците од претпријатието, исчистени се повеќе од осум километри речни корита, а механизацијата и во наредниот период ќе биде ангажирана на терен, со цел навремено справување со потенцијалните ризици.

Зголемен водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река

Поради последните врнежи во регионот, зголемен е водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Регистриран е прилично висок водостој и ќе биде висок во наредните часови, но до крајот на денот треба да се намали. Зголемен водостој има и на река Пчиња и Крива Река. Иако, со зголемени водостој, во моментов состојбата со излевање на водотеците низ земјава е стабилна и така се очекува да продолжи до крајот на денот, соопштија од Управата.

Претходно, од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ информираа дека навреме ги детектирале и санирале  критичните точки за да спречат излевање на реките од коритата во кумановско. Активности биле реализирани и во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и во селата Јачинце и Клечовце. Формирани се заштитни бедеми, а исчистени се и делови од речните корита во Табановце и Горно Коњаре, на реката Коњарка.

Според податоците од претпријатието, исчистени се повеќе од осум километри речни корита, а механизацијата и во наредниот период ќе биде ангажирана на терен, со цел навремено справување со потенцијалните ризици. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top