Македонија неочекувано

Згаснува телевизија Клан

Телевизијата која емитуваше вести, ток-шоуа, документарни и забавни емисии на македонски и албански јазик преку кабелски оператор, своето прво влегување на медиумскиот пазар го имаше во 2018 година со преземањето на локалната ТВ Арт.

Згаснува телевизија Клан

Со одлука на менаџментот, сите вработени во телевизијата Клан Македонија од вчера се отпуштени од работа, инфомира 4NEWS.mk. Ова е уште еден сигнал дека оваа медиумска куќа со национална лиценца, која во минатото се промовираше како глас на граѓаните, се соочува со крајот на своето постоење.

Телевизијата сè уште не ја подмирила годишната обврска кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), а според информации на порталот, рокот за плаќање истекува наредната среда. Но не ги исполнува ниту минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови за радио и ТВ емитување, утврдила Агенцијата пред четири дена.

Клан Македонија пред повеќе од една година доби нови сопственици – од Клан Косово, откако претходно беше дел од медиумската групација Клан Албанија на бизнисменот Александар Франгај. Нов менаџер во Скопје тогаш стана Фатон Шоши, сопственик на порталот Индекс онлајн. Како што веќе објавивме, телевизијата ја промени и локацијата – од Сарај кон просториите на Томато продукција, каде некогаш беше сместена и 1ТВ на Бојан Јовановски.

Телевизијата која емитуваше вести, ток-шоуа, документарни и забавни емисии на македонски и албански јазик преку кабелски оператор, своето прво влегување на медиумскиот пазар го имаше во 2018 година со преземањето на локалната ТВ Арт.

Според извештаи на АВМУ Клан и ТВ24 во континуитет им се намалуваат приходите. ТВ Клан и ТВ Сонце оставриле најниски приходи во 2023 година.

Движење на вкупните приходи на телевизиите на државно ниво преку неограничен ресурс во периодот од 2018 до 2023 година.

Тогаш прикажале и најголема загуба од 42,75 милиони денари. Според информации на порталот 4 news има обиди за продажба, но реализацијата е неизвесна.

Најнови вести од Македонија

To top