Македонија Гласот на револуционерите повторно се слуша

Зборовите на Ѓорѓија Пулевски – еден од највеликите бранители на македонштината, во проектот на „Нова Македонија“

Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста на Пулевски беа запоставени од страна на македонската наука. Пулевски активно учествува во ослободителните борби на Македонците, а во Македонското (Кресненско) востание од 1878 година како војвода предводи востаничка чета.

Зборовите на Ѓорѓија Пулевски – еден од највеликите бранители на македонштината, во проектот на „Нова Македонија“

Во македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци кои оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век.

Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста на Пулевски беа запоставени од страна на македонската наука. Пулевски активно учествува во ослободителните борби на Македонците, а во Македонското (Кресненско) востание од 1878 година како војвода предводи востаничка чета.

Меѓутоа, се посочува во текстот, неговата културна и национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар, можеби е позначајна од неговата политичка и револуционерна дејност. Во овој контекст се и неговите дела: „Речник на три јазика“ објавен во 1875 година, „Самовила Македонска“ напишана во 1878 година, „Македонска песнарка“ објавена во 1879 година, „Слогница речовска“ издадена во 1880 година, како и „Славјанско-маќедонска општа историја“ објавена во 1892 година.

Македонска научна мисла го препозна и ценеше неговото значење. Во овој контекст е и искажувањето на Гане Тодоровски дека доколку сакаме целосно да го разбереме и протолкуваме ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, тогаш ќе мора да укажеме и на неговите претходници во Македонија. Според Тодоровски: „Меѓу нив секако би дошле Ѓорѓи Пулевски, Исаија Мажовски, Марко Мушевич и Темко Попов, во прв ред, како и Спиро Гулапчев, Евтим Спространов, Коста Шахов и Марко Цепенков на еден поширок и индиректен план. Делувањата на овие македонски дејци во добра мера го објаснуваат појавувањето на Мисирков и ја осветлуваат генезата на неговите идеи“, се наведува Пулевски.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top