Заврши мирниот граѓански протест… Фотографија од Фросина, запалени свеќи, цвеќиња, плишани мечиња, балони… како и транспаренти „не е несреќа, туку убиство“, останаа да сведочат на местото на трагедијата на „Партизанска“.
Македонија е завиена во црно. Сите тагуваат по 22-годишната Фросина Кулакова- талентирано младо девојче, пред кое беше цел живот.
Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ ја удри со автомобил во 22-годишната Кулакова, која почина на самото место.
Осомничениот Јованов на 29 јануари, со возило „Пежо 207“, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегази Фросина Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лентана булевар „Партизански Одреди“.