Македонија МЕП

Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Македонија и Молдавија

Министерот Муртезани и претседателката Кошеру разговараа за важноста од усогласување на реформските агенди и зајакнување на парламентарниот дијалог.

Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Македонија и Молдавија

По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Молдавија во делот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше средба и со Инa Кошеру, претседателка на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција, во Парламентот на Република Молдавија. Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералните односи и засилување на соработката во процесот на европската интеграција.

Министерот Муртезани и претседателката Кошеру разговараа за важноста од усогласување на реформските агенди и зајакнување на парламентарниот дијалог. Тие го истакнаа значењето на размената на најдобрите практики во законодавната усогласеност, реформите во јавната администрација и унапредувањето на демократските институции.

Муртезани ја реафирмираше подготвеноста на Македонија во помагањето на Молдавија во нејзините реформски процеси, особено во областа на владеењето на правото и усогласувањето со правото на Европската Унија. Претседателката Кошеру се заблагодари за поддршката од Северна Македонија и ја подвлече улогата на меѓупартиската соработка за успешна имплементација на реформите. Муртезани и Кошеру ја потврдија заедничката посветеност за понатамошно зајакнување на партнерството во процесот на европската интеграција.

Најнови вести од Македонија

To top