Македонија Државен пазарен инспекторат

Засилени контроли за „Black Friday”: Да се заштитат потрошувачите од нечесни трговци

Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.

Засилени контроли за „Black Friday”: Да се заштитат потрошувачите од нечесни трговци

Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday” акции ќе врши засилени  вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

-Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски, велат од ДПИ.

Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.

Инспекторатот ги повикува граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

 

Најнови вести од Македонија

To top