Македонија

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков на Светскиот Економски Форум во Карпач, Полска

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков во наредните денови ќе биде дел од Светскиот Економски Форум кој ќе се оддржи во Карпач, Полска.

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков на Светскиот Економски Форум во Карпач, Полска

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков во наредните денови ќе биде дел од Светскиот Економски Форум кој ќе се одржи во Карпач, Полска.

Форумот е организиран од Фондацијата Институт за источни студии и е најголемата конференција во Централна и Источна Европа.

Овој форум, повеќе од 30 години привлекува политички, економски и социјални лидери од целиот свет.

Уникатниот формат на настанот го поттикнува развојот на соработката меѓу ЕУ Земјите-членки и нивните соседи. На Форумот се носат важни декларации секоја година, поради што дебатите се следат со најголем интерес од медиумите ширум светот, а нивните одгласи одекнуваат во експертските и политичките кругови долго по завршување на Форумот.

Овогодинешното 33-то издание на Економскиот форум ќе се одржи од 3 до 5 септември 2024 година во Карпач под темата: „Време на нови лидери – Заедничко обликување на иднината“.

Заменик министерката Трајков ќе зборува на тема „Интеграција на државите од Западен Балкан – значење и форми на соработка“.

To top