Македонија

Законот за линеарно покачување на прензиите во Собрание: „Со овој закон ќе се оствари право на повисока пензија на 300.000 пензионери“

Денеска на дневен ред пред пратениците во Собранието на Република Македонија ќе се најде Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Ова е Закон кој ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија, изјави денеска Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

-Апелираме за соработка од сите пратенички групи кога се работи за доброто на нашите граѓани. Ги повикуваме сите пратеници за поддршка и веднаш уште денеска во согласност со Собранискиот деловник да се закаже Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Со овој закон ќе се оствари право на повисока пензија на 300.000 наши пензионери. 300.000 пензионери добиваат повисоки пензии, подобар животен стандард и подобри услови за живот.

Ова е само почеток на она што го ветивме.

Дополнително покрај ова покачување, во месец март ќе има зголемување од уште 2.500 денари линеарно за сите пензионери. Тоа значи реализација на едно од клучните ветувања во предизборниот период на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.

Како ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжиме да се бориме за нашите граѓани да имаат подобри услови за живот. Животниот стандард на нашите сограѓани е еден од врвните приоритети на ова парламентарно мнозинство.

Упатуваме апел до сите ппратеници и пратенички групи уште денеска да го изгласаме овој Закон и да се излезе во пресрет на 300.000 пензионери во Република Македонија, повика Стојаноски.

Поврзани теми

To top