На 5-ти септември 2009 година, туристичкиот брод Илинден со група од 57 странски туристи потона во Охридското Езеро. Загинаа 15 лица. Потонувањето на Илинден е најголемата бродска несреќа во историјата на Република Македонија.
Бродот Илинден носел туристи кон манастирот Свети Наум. Бродот, изграден во 1924 година, имал максимален капацитет од 45 патници. Потонал за четири минути, на околу 200 метри од брегот, во плитки води. Се наведува дека потонал околу 11:00 часот наутро по локално време, во близина на кампот Елешец. Две мали бродчиња, Александрија и Кристина, биле во близина и помогнале на патниците на Илинден. Повеќето од туристите на бродот биле постари лица, од кои многумина не можеле да пливаат. Жртвите биле од Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон.
Претставници од високиот врв на Република Македонија го посетиле местото на несреќата. Претседателот на Република Бугарија, Бојко Борисов испратил авион, Ц-27Ј Спартан, да ги пренесе телата на жртвите назад во Бугарија.
Утредента, 6 септември во Република Македонија бил прогласен за ден на жалост.