Македонија СПМ

За разлика од партиите на власт, опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени

-За разлика од партиите на власт опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени. Впрочем, историски делувањето на македонските опозициски партии СПМ и ВМРО-ДПМНЕ е на европските простори, каде што природно припаѓаат, и е над 120 години.

За разлика од партиите на власт, опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени

Социјалистичката партија на Македонија со интерес ги следи неиздржаните и инфантилни тези на СДС и ДУИ за опозицискиот наводно недефиниран пат за евроинтеграцијата. Ова делување може да се окавалификува и како црн политички хумор со оглед на реално ограничениот капацитет на СДС и ДУИ за евроинтегративна визија. Впрочем и двете ретроградни партии природно инклинираат кон неевропски криминално коруптивни концепти што е повеќе од очигледно, велат од Социјалистичка партија на Македонија.

-За разлика од партиите на власт опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени. Впрочем, историски делувањето на македонските опозициски партии СПМ и ВМРО-ДПМНЕ е на европските простори, каде што природно припаѓаат, и е над 120 години.

Оттаму ги потсетуваме во СДС и ДУИ дека членството во ЕУ не зависи од наметнати условувања и уцени туку од изразената мнозинска воља на македонските граѓани и довербата која тие ќе и ја дадат на опозицијата како на вистински и единствен европски политички фактор.

Социјалистичката партија на Македонија им укажува на граѓаните дека одбележувањето на европскиот пат ќе го направат со масовна изборна излезност со што ќе ја осигураат убедливата победа врз предавничката власт, повторното освојување на демократијата, враќањето на државата и конечното ослободување, додаваат од СПМ.

Поврзани теми

To top