Македонија Клиника за ТОАРИЛУЦ

За прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес се предвидуваат и три операции со навигациски систем за вградување на протези на колена, при што во еден случај ќе се заменат двете колена одеднаш – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (gonartroza) на колената“, објасни во објавата.

За прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк, објави на својот фејсбук Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ.

Facebook / Igor Merganoski

„Операцијата ја изведоа Д-р Макридис Константос од Грција, Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ, Др.Дурим Асани раководителот на ортопедијата и тимот на клиниката. За време на интервенцијата се користеше компјутерска навигација, која овозможува прецизно поставување на протезата со 3D визуелизација на колкот во реално време.

Покрај хирурзите, лекари и помошен персонал се едуцираат за користење на навигацискиот систем, што овозможува широка примена на оваа технологија во иднина.

Денес се предвидуваат и три операции со навигациски систем за вградување на протези на колена, при што во еден случај ќе се заменат двете колена одеднаш – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (gonartroza) на колената“, објасни во објавата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
Facebook / Igor Merganoski

Придобивки за пациентите:
• Подобра функционалност на зглобовите
• Поголема стабилност и подолг животен век на протезите
• Намален ризик од компликации
• Побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности

Со оваа интервенција, Клиниката за ТОАРИЛУЦ се позиционира како водечки центар во Република Македонија за современи светски стандарди во хирургијата на колк и колено, потенцира Д-р Игор Мерџаноски.

Најнови вести од Македонија

To top