Македонија

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА ЗАПОЧНУВА РОМСКИОТ БАЛ – Цеца и Теа Таировиќ на пат кон Скопје, цената на картите од 150 до 300 евра!

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА ЗАПОЧНУВА РОМСКИОТ БАЛ – Цеца и Теа Таировиќ на пат кон Скопје, цената на картите од 150 до 300 евра!

Љубителите на традиционалниот Светски Ромски бал на големо се подготвуваат за вечерашниот настан број 1 во Македонија.

Како и во годините наназад, се очекуваат гости од цела Европа, средени во блескави тоалети, кои во хотелот Александар Палас ќе ги забавуваат Цеца, Теа Таировиќ, Џогани, Мухарем Сербезовски, Таркан, Џефрина.

Настанот за првпат го организираше пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите во Македонија, Амди Бајрам, а по неговата смрт на чело на организацијата е неговиот син Габриел Бајрам.

Оние кои веќе биле дел од гостите на балот во минатото, знаат да кажат се работи за манифестација која поминува во знакот на раскошот и добрата забава. Голем број на политичари и јавни личности од забавниот живот може да се забележат секоја година на балот, за кој влезниците веќе се пуштени во продажба.

Околу тоа колку изнесува една влезница, односно колку средства се потребни за да се биде дел од Ромскиот бал, како што велат наши соговорници кои се редовни гости, бидејќи станувало збор за голем настан, и картите се продавале по цени кои се соодветни за пригодата.

Масите за стоење, познати како коњопој, за шест лица со вклучено шише алкохолен пијалок изнесуваат 300 евра, односно по 50 евра од лице. За оние пак, кои сакаат мени карта, на маса за седење, за едно лице билетот изнесувал 150 евра.

-Нема што нема, од пиле млеко се нуди, неограничена храна, познати брендови на алкохолни пијалоци, врвно приготвени специјалитети. Музичките гости секогаш се внимателно избрани, настапуваат популарни имиња од естрадата, и атмосферата е секогаш на ниво- раскажуваат соговорниците за Фокус.

Годинава водители на балот се Лила Филиповска и Даниел Петровски, кои го најавија настанот со видео во кое порачуваат дека вежбаат играње со трубачи бидејќи доаѓаат познати музички имиња.

 

To top