Само во текот на вчерашниот ден полициски службеници при контроли во сообраќајот во повеќе македонски градови и села откриле 11 возачи, кои управувале возила без возачка дозвола или со активна забрана за управување моторно возило. Од нив двајца се малолетници, а по насока на јавен обвинител, на сите им се одземени возилата, и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР на својата страница на Фејсбук.
На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено.
На 05.02.2026 во 12:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.Н.(28) од с.Гостиражни, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што констатираче дека го управувал возилото пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.
На 05.02.2026 во 19:30 часот на патот Ресен-с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 15- годишник од Штип. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда” со ресенски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.
На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено.
На 05.02.2026 во 14:30 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола, односно без положен возачки испит.