Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и денеска ја пртодолжува работната посета на Париз која е во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија.
Муртезани вчера се сретна со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР, Бенжамен Хадад, а предвидени се и средби со други високи претставници на Владата на Француската Република како генералниот секретар за европски работи во Секретаријатот за европски работи (SGАE), Емануел Пуизе-Жовен, раководството на Expertise France и Француската агенција за развој (AFD), како и со претставници на реномираниот институт Жак Делор.
Како што наведува Кабинетот на Муртезани, работната посета има за цел унапредување на институционалната соработка, размена на добри европски практики и мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интегративна агенда на Македонија.