Македонија јпдп

Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1

Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1

Во пресрет на продолжениот викенд, Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на сообраќајните знаци.

Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со важност до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на тунел Т1.

Десната тунелска цевка на тунел Т1 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Исто така, до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот и на автопатот на делницата Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-клучка Дреново, каде што сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

ЈПДП повикува на внимателност и прилагодување на брзината согласно со условите на патот.

To top