Македонија ВРЕДИ

ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!

„Образованието е основа на развојот на општеството, затоа, со посветеност и незапирлива работа, ние сме решени да создадеме подобри услови за квалитетни училишта, за современа настава и за млади подготвени да се соочат со предизвиците на иднината.“

ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ

„Драги ученици, родители и наставници. По повод почетокот на новата учебна година, ВЛЕН ви посакува просперитетна, успешна и полна со достигнувања година. Ова е посебен момент, особено за сите деца кои денес за прв пат седат на училишните клупи. За нив започнува ново патување исполнето со емоции, знаење и соништа, кое ќе ја одреди не само нивната иднина, туку и иднината на нашата земја.

Образованието е основа на развојот на општеството, затоа, со посветеност и незапирлива работа, ние сме решени да создадеме подобри услови за квалитетни училишта, за современа настава и за млади подготвени да се соочат со предизвиците на иднината.

Оваа година го направивме првиот конкретен чекор со мерката „Училишна кошничка“, која ги намалува цените на училишниот прибор и го олеснува товарот врз родителите. Ова е само почеток на еден пат кој има за цел да го направи образованието подостапно, пофер и поквалитетно за сите.

Ви посакуваме успешна учебна година, полна со успех, знаење и насмевки!

Честитки и среќно на нашите ученици.“

Најнови вести од Македонија

To top