Претходно денеска опозициската ДУИ изрази загриженост оти коалицијата „Вреди“ уништувала сѐ што е постигнато две децении по ред, обвинувајќи дека на самитот на НАТО во Вашингтон земјава за првпат ја претставува моноетничка делегација, без ниеден функцонер етнички Албанец.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор – велат од коалицијата „Вреди“ како одговор на прозивката од опозициската ДУИ оти на НАТО-самитот во САД нема да има претставници од албанската заедница, за што ја обвинија владејачката коалиција на Албанците.
„Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести. Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне. Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер немаше вака да се срамат. Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците. Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците“, пишуваат од „Вреди“ во писмената реакција.
Приказните за наводна намалена застапеност на Албанците кои ги форсира ДУИ, оценуваат од „Вреди“ е нивен обид за сокривање на трагите за сопствените гревови.
Претходно денеска опозициската ДУИ изрази загриженост оти коалицијата „Вреди“ уништувала сѐ што е постигнато две децении по ред, обвинувајќи дека на самитот на НАТО во Вашингтон земјава за првпат ја претставува моноетничка делегација, без ниеден функцонер етнички Албанец.
Министерот за здравство Арбен Таравари, пак, денеска во изјава за медиумите кажа дека собранискиот спикер Африм Гаши ќе земе учество на НАТО-самитот како претставник на коалицијата.
„На самитот на НАТО зема учество претседателот на Собранието, како претставник на ‘Вреди’. Колку што сум запознаен тој денеска изутрина патува таму, така што имаме претставник на ‘Вреди’, кој е претставник на самитот на НАТО во Вашингтон“, изјави Таравари.
Во делегацијата која ќе ја претставува земјава на НАТО-самитот во Вашингтон, како што сооптија претходно од Владата, се премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.