Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува од продажба небезбеден производ – сурови горчливи семки од кајсија поради присуство на цијановодородна киселина.
Сурови горчливи семки од кајсија на производителот „Менехопулос“ од Солун чиј увозник и дистрибутер е „Зото трејд“ од село Штука, општина Босилово се небезбедни за употреба и се повлекуваат од продажба, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
Сериски број/лот: LL0131G1001 и LL0131G1002
Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.