Дисциплинска одговорност за службено лице кое извршило регистрација на моторно возило без присуство на сопственикот и три лица кои не ги констатирале пропустите во станицата за технички преглед.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, достави известување до јавното обвинителство и изготви предлог за утврдување дисциплинска одговорност против лицето Р.И. на работно место референт во станица за технички преглед.
Имено, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапуваше по известување доставено од страна на Одделот за криминалистичка полиција, според кои постапувале по наредба на Основен кривичен суд за одземање на моторно возило сопственост на Ф.Ќ. од село Грчец. При проверките од нивна страна е констатирано дека возилото е регистрирано во отсуство на сопственикот, односно со временски период, во кој, според проверките лицето Ф.Ќ. било надвор од границите на државата. Согласно, проверките направени од страна на ОВККИПС констатирано е дека од страна на службено лице Р.И. – референт на Станица за технички преглед лоцирана во Сарај – Глумово била извршена регистрација и промена на регистарските таблички на моторното возилото, во отсуство на сопственикот, со што Р.И. извршил потешко кршење на работниот ред и дисциплина и постапил спротивно на Законот за возила и Правилникот за регистрација на моторни возила.
Дополнително, од стрaна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, доставен е предлог за утврдување дисциплинска одговорност против три лица Г.П. началник на сектор, В.Н. главен инспектор и Л.М.Б. главен инспектор за сообраќај кои при вршење на контрола во станицата за технички преглед, на постапиле според нивниот попис и опис на работни места и не ги констатирале пропустите на станицата за технички преглед.
Сомневањата се дека ова скапо возило е во вистинска сопственост на Шеваљ Муареми нарко бос кој сега е во бегство.