Македонија За првпат

Воведена Ендоскопска дакриоцисториностомија на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје

Ваквата оперативна техника, со ендоскопски пристап како помалку инвазивна метода со пократок постоперативен тек, претставува голема предност во споредба со класичната техника.

Воведена Ендоскопска дакриоцисториностомија на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје, за првпат беше изведена современа хируршка метода Ендоскопска дакриоцисториностомија, како третман на пациентите со опструкција на солзниот назолакримален канал, односно воспоставување прооднос на одводниот лакримален систем на окото.

Оперативниот зафат го изведе тим од Универзитетската клиника за очни болести, колеги од одделот за преден сегмент на окото, во соработка и менторство на Д-р Евангелос Локовитис од Република Грција.

Беа изведени две хируршки интервенции чии оперативен и постоперативен тек помина во најдобар ред.

Ваквата оперативна техника, со ендоскопски пристап како помалку инвазивна метода со пократок постоперативен тек, претставува голема предност во споредба со класичната техника.

Во периодот што следи оваа процедура ќе стане рутинска метода на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје како единствен терциерен центар за третман на пациентите во нашата држава.

-Воведувањето на новата метода, ендоскопска дакриоцисториностомија, преставува значаен исчекор во лекувањето на пациентите со опструкција на назолакрималниот канал, која за пациентите ќе значи враќање на функционалноста на солзниот апарат, подобрување на квалитетот на живот и пократок постоперативен период, изјави директорката на Универзитетската Клиника за очни болести, Доц. д-р Наташа Шекеринов.

Најнови вести од Македонија

To top