Македонија oд 120.000 на 500 прекршоци

ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ на министерот ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ (ВИДЕО)

Граѓаните треба да бидат горди на себе. Одговорното однесување во сообраќајот покажува дека како општество можеме да направиме промена кога безбедноста е заедничка цел.… See more

ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ на министерот ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е задоволен од стартот на проектот „Безбеден град“, за кој вели дека драстично ги намалил бројот на сообраќајни прекршоци, како и на бројот на повредени лица и смртни случаи во сообраќајни несреќи.

Тој посочи дека најголем дел од граѓаните за време на тест периодот ги почитувале сообраќајните правила, а во текот на вчерашниот ден, кога и официјално започна да фунционира „Безбеден град“, биле регистрирани околу 500 прекршоци.

„Има значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започна тест периодот. Констатирани се околу петстотини сообраќајни прекршоци од страна на паметните камери за разлика од пред два месеци, кога беа над 120.000 прекршоци. Бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни се намали за околу 35 отсто во Скопје, а бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4“, потенцираше Тошковски.

„Безбеден град“ стартуваше вчера на подрачјето на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, но со поголем праг на толеранција, со цел возачите постепено да се прилагодат на новиот начин на контрола. Наместо вообичаените 10 проценти, во првите месеци ќе важи толеранција од 15 проценти над дозволената брзина.

Граѓаните треба да бидат горди на себе. Одговорното однесување во сообраќајот покажува дека како општество можеме да направиме промена кога безбедноста е заедничка цел.…

Најнови вести од Македонија

To top