Браната Липково полека се стабилизира, по вчерашните врнежи од град и дожд, соопштија денеска од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.
– Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до заматување на водата во брана Липково, како и поплавување на тунелот од брана Липково до „чвориште“ на место викано „Калишњак“. Во директниот вод што води до филтер станица на ЈП ВОДОВОД Куманово е надојдена заматена вода, информираа од кумановското водостопанство
Оттаму соопштуваат дека вво текот на денешниот ден веќе до „Водовод“ Куманово пристигнува вода со мала заматеност над дозволеното. Брана Липково веќе е сталожена, со што се очекува во вечерните часови, „Водовод“ Куманово да добива вода со заматеност во граници на дозволеното.