Македонија ОИК Велес

Во Велес гласаат 69 болни и немоќни лица

На територијата на Општина Велес, во избирачкиот список се запишани вкупно 44 850 гласачи кои утре ќе гласат на 84 избирачки места во Велес и населените места во општината од првиот круг на Локалните избори 2025.

Во Велес гласаат 69 болни и немоќни лица

Избирачките одбори на ОИК Велес денеска ќе ги посетат домовите на 69 болни и немоќни граѓани, а кои припаѓаат на 33 избирачки места. Гласањето на овие наши сограѓани е во рамките на првиот круг од осмите Локални избори 2025. Како што информира, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес, избирачките одбори денеска според правилата дошле во ОИК ги подигнале избирачките материјали и се упатиле на терен.

Таа појасни дека 68 од 69 болни и немоќни лица кои денеска ќе го остварат своето граѓанско право да гласаат, се од градот, а само едно лице е од велешката приградска населба Превалец.

Воедно информира дека денеска во земјава гласаат и лица кои се на отслужување мерка куќен притвор, но и дека во ОИК Велес немало пријавено такви илица.

Од ОИК Велес, информираат дека денеска според правилата, гласаат и лица во велешкиот затвор. како и лица кои се сместени вон семејни установи во земјава.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Инаку на територијата на Општина Велес, во избирачкиот список се запишани вкупно 44 850 гласачи кои утре ќе гласат на 84 избирачки места во Велес и населените места во општината од првиот круг на Локалните избори 2025.

Според правилата, сите избирачки места ќе бидат отворени утре сабајле во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

Најнови вести од Македонија

To top