На 84-те избирачки места во Велес и велешко од 44 858 избирачи до 17:00 часот на гласање излегле 20,678 или 46,12 отсто од избирачите, информираат за МИА од ОИК Велес.
Тие ги повикуваат гласачите кои се уште не гласале своето право на глас за претседател на државата да го искористат до 19 часот кога се затвораат сите избирачки места во државата.