Во Македонскиот културен центар во Тирана се одржа промоцијата на книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху.
Оваа книга е од голема важност бидејќи содржи ризница на неистражената албанска литература од албански автори со македонско потекло кои пишувале не само на албански, туку и на македонски јазик. Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и голем активист за правата на Македонците во Република Албанија.
Вчерашната промоција е доказ за тоа, но и поттик уште повеќе да ја негуваме својата традиција и гордо да ја пренесуваме на следните генерации.
Проектот беше реализиран со поддршка од Комитет за националните малцинства.