Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.
Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните мрежи.
Телото на Пејковски ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот ќе биде во 13:00 часот на градските гробишта во Демир Хисар.