Македонија одбележувањето на 83-годишнината од депортацијата

Во спомен на децата жртви на холокаустот: ФХЕМ потпиша договор за донација со Домот за доенчиња во Битола

Во спомен на децата кои Битола ги загуби за време на холокаустот, но и како израз на грижа и поддршка за децата кои живеат денес. По повод потпишувањето на договорот, претседателот на Управниот одбор на ФХЕМ, Иван Николиќ.

Во спомен на децата жртви на холокаустот: ФХЕМ потпиша договор за донација со Домот за доенчиња во Битола

Во спомен на децата жртви на Холокаустот, а со мисла за децата кои живеат денес, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) потпиша Договор за донација со ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, во рамки на одбележувањето на 83-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.

Донацијата е водена од идејата „Од живите – за живите“, во спомен на децата кои Битола ги загуби за време на холокаустот, но и како израз на грижа и поддршка за децата кои живеат денес. По повод потпишувањето на договорот, претседателот на Управниот одбор на ФХЕМ, Иван Николиќ, истакна дека сеќавањето на трагедијата мора да биде поврзано со конкретни дела на солидарност и хуманост.

„Минатото не можеме да го промениме, но имаме должност да ја градиме иднината со грижа, солидарност и човечност. Оваа донација ја даваме во спомен на децата кои Битола ги загуби, но со мисла за децата кои се тука денес. Сакаме секое дете да почувствува дека не е само и дека стоиме зад него“, изјави Николиќ.

Тој потсети дека пред 83 години Битола изгубила повеќе од 3.000 свои сограѓани Евреи, меѓу кои и голем број деца, кои биле депортирани во центарот за убивање, Треблинка.

Потпишувањето на овој договор претставува симболичен чин на хуманост и солидарност, со порака дека сеќавањето на минатото треба да биде поттик за грижа за идните генерации.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top