Денеска во Скопје започна Балкански Форум за истражување на опасен отпад и стратегии за ремедијација на депонии организиран од Канцеларијата на Унгарската трговска комора Скопје (HEPA-Hungarian Export Promotion Agency).
Околу 35 учесници присуствуваа на денешната Конференција во организација на Унгарска агенција за промоција на извоз (ХЕПА Будимпешта, канцеларии на ХЕПА Балкан), Грин Тим (Скопје), Институт МОЛ (Стара Пазова), ПАЛОТА служби за животна средина (Будимпешта), KEXPORT Унгарски еколошки извозен кластер (Будимпешта).
Проектот има за цел истражување на индустриски локации со историски депонии со опасен отпад на Западот. Балканските земји да ги идентификуваат и проценат контаминираните области, да истражуваат иновативни решенија за санација и искористување на финансирањето од ЕУ.

Целната група се засегнати страни вклучени во заштита на животната средина, решенија за циркуларна економија, управување со отпад, санација на индустриски локации и можности за финансирање од ЕУ на регионот на Западен Балкан (клучен авторитет, бизнис и експерти од невладини организации од секоја земја од Западен Балкан).
Фокус на оваа Конференција како што информираат одговорните лица е Мелиорација на стари локации- напуштени индустриски локации, полуоперативни индустриски локации каде што е оставен опасен отпад. Истакнувајќи ги иновативните решенија за привлекување финансиски ресурси на ЕУ.

Професорот Михаил Кочубовски, кој долги години соработува на темата опасен отпад, како тој влијае на здравјето и на животната средина и што треба да се направи изрази огромно задоволство што оваа Конференција се одржува кај нас.
Меѓудругото професорот Кочубовски, истакна дека Македонија е во процес на подготовка на Закон за заштита на почви и тој многу ќе придонесе за оваа област.
Професорот на Хемискиот факултет во Белград, Илија Брчевски, изрази задоволство што е во Македонија, потенцирајќи дека опасниот отпад е ноќна мора.
-Овде се присутни 9 земји и јас не би го нарекол ова само обична Конференција. Сите ние кои работиме во оваа област и сме посветени на оваа работа ќе размениме искуства, мислења, технологии и можности и на овој начин и во Македонија ќе стартува еден таков технолошки систем од мониторинг па се до згрижување. Овие работи се исклучително одговорни, бараат време и доста вложување на државата, потенцира професорот Брчевски.