Македонија

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, во 7 часот и гласањето се одвива тековно.

– Гласањето во општина Дебар  се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти.  Право на глас имаат 19.269 за претседателските и 19.311 гласачи за парламентарните избори. Вчера своето граѓанско право го остварија 68 болни и изнемоштени лица, од кои 46 гласаа и за претседателските и за парламентарни избори, додека 22 само за парламентарни избори, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател  на Општинската изборна комисија (ОИК) во Дебар.

Според Неџип Илјаз, претседател на  ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.

-Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Право на глас имаат 7.368 за претседателските и 7.383 гласачи за парламентарните избори. Вчера правото на глас го искористија 10 болни и изнемоштени лице, сите гласаа и за претседателските и за парламентарните изори, рече Илјаз за МИА.

На 24 април, во првиот круг од претседателските избори во општина Дебар правото на глас го остварија 6379 или околу 35 отсто од вкупно запишаните 19.334  лица,  додека во општина Центар Жупа 1279 или 17,36 отсто од 7.383 колку што беа запишани во единствениот избрачки список.

Најнови вести од Македонија

To top