Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Во октомври намалени трошоците за живот, прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит

И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија, потенцираа во соопштението.

Во октомври намалени трошоците за живот, прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит

Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат, трошоците за живот се намалуваат и за прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит, стои во денешното соопштение како реакција на Богданка Кузеска.

-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци раководење со државата, преку соодветни мерки го сопре слободниот пад на економија, кој што беше предизвикан и оставен од седум годишното владеење на СДС и македонската економија ја поставува на здрави нозе. ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова и здрава економска реалност и работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните. И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија, потенцираа во соопштението.

-СДС на власт ги осиромаши граѓаните и ја ограби Македонија. Да се грижеа барем малку за граѓаните, економијата и државата, СДС на власт немаше да се однесуваат со државните ресурси и македонскиот буџет како кон плен после поход и целосно да ги опљачкаат. Македонската јавност многу добро знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и нивниот животен стандард, а уште помалку им е грижа за економијата која во нивно владеење ја уништија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Седум годишното владеење на СДС и разбојничко управување со државни ресурси, претставува најголемата катастрофа во поновата историја која и се случила на Македонија, стои во денешната како реакција на Богданка Кузеска.

To top