Македонија

Во јануари 256 одобренија за градење, пад од 19,2 проценти на годишно ниво

Во јануари 256 одобренија за градење, пад од 19,2 проценти на годишно ниво

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 19,2  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба, а за изградба предвидени се вкупно 618 станови, од кои во Скопскиот Регион, 288, во Југозападниот, 173, Полошкиот, 59,…

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64, по што следуваат Југоисточниот, 50, Скопскиот, 34, Пелагонискиот 31,….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  4 325 219 000 денари, што е за 25,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,1 проценти) од нискоградба и 65 (25,4  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60,5  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39,5  проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

– Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   54 359 квадратни метри – се вели во извештајот на ДЗС.

Најнови вести од Македонија

To top