Во Демир Капија до девет часот гласале 9.42 проценти на гласачи, својот глас го дале 302 лица со право на избор на претседателските избори, соопшти претседателот на демиркаписката општинска изборна комисија, Благој Јовановски.
Претходно, тој информираше дека Демир Капија го стартуваше гласањето на претседателските избори и навремено се отворени сите избирачки места.
– Во Демир Капија, беа пријавени 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, кои имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи, соопшти Димовски.