Македонија

Во Чашка до 17 часот гласале 38,02 проценти за претседател и 47,20 отсто за пратеници

Во Чашка до 17 часот гласале 38,02 проценти за претседател и 47,20 отсто за пратеници

Во Општина Чашка до 17 часот на 31 избирачко место од 6.076 на списокот за избор на претседател гласале 38,02 проценти , а од 6.083 на списокот за избор на пратеници до 17 часот гласале 47,20 проценти, информира за МИА, Стојна Анишиќ од ОИК Чашка.

Воедно појаснува дека се се одвива според правилата за избор и во фер и демократска атмосфера и додава дека се во постојан контакт со избирачките одбори.

Наскоро гласањето завршува и точно во 19 часот се затвораат сите 31 избирачки места во општината.

To top