Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.
Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба: 23.05.2024, а производител е „PESTOVA LLC“ – Косово. Агенцијата апелира, граѓаните кои имаат купено пакувања од овој чипс да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.
-Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи, потенцира АХВ.
Во однос на чипсот, Агенцијата информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Северна Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ – Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.
-Крајните потрошувачи кои гo имаат купено овој производ со посочениот рок на употреба, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, потенцира АХВ.