АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не стои зад известувањата.
Името на националната Пошта претходно беше злоупотребено во измамнички кампањи во јануари и февруари годинава.
Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта на Северна Македонија“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информораат од компанијата во објава на веб страницата. Со пораките граѓаните се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк.
АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не стои зад известувањата.
Името на националната Пошта претходно беше злоупотребено во измамнички кампањи во јануари и февруари годинава.